Дури и вдишувањето на мирисот на рузмарин има позитивен ефект врз меморијата кај луѓето над 65 години
Рузмаринот и нането го подобруваат расположението и меморијата, особено кај постарите лица, покажа истражувањето спроведено на Универзитетот Нортамбрија во Велика Британија. Авторите откриле дека пиењето чај од нане го зголемува степенот на концентрација и дека дури и вдишувањето на мирисот на рузмарин има позитивно влијание врз меморијата кај луѓето над 65 години.
Интересно е да се спомене дека мирисот на лаванда ја ослабува меморијата, додека чајот од камилица, кој инаку делува смирувачки, го успорува помнењето и го намалува нивото на концентрација.
- Откривме дека луѓето се многу поконцентрирани откако ќе престојуваат во просторија исполнета со мирис на рузмарин. Тестиравме проспективна меморија (меморија што да правиме) кај луѓе постари од 65 години и откривме дека рузмаринот може да ја подобри таа способност, објасни авторот на студијата д-р Марк Мос.