Рижото со фантастичен вкус.
Состојки:
– 1 мал кромид
– маслиново масло
– 200 гр ориз
– 1 тиквичка
– 2 моркови
– 200 гр пилешко
– 1 лажчка куркума
– сол, бибер
– коцка супа или вода
-1 лажица путер
– пармезан за посипување
Подготовка:
Кромидот исечкајте го на коцки и пржете го во маслиново масло. Додадете ги морковот и пилешкото исечкано на коцки и оставете да добие златна боја.
Додадете го оризот и прелијте ја супата или водата додека оризот не стане ал денте.
Пет минути пред крајот на варењето додадете ги тиквичките исечени на коцки. Сол, бибер и додадете една кафена лажичка куркума.
Промешајте да се соединат состојките и на крајот додадете една лажица путер за да направите кремасто рижото.
При сервирање, изрендајте пармезан врз рижото.