Дома Здравје Риба во спречување на губење на меморијата…

Риба во спречување на губење на меморијата…

794
0

Потрошувачката на риба богата со омега-3 масни киселини е поврзана со една четвртина помала шанса за развој на лезии на мозокот кои предизвикуваат оштетување на меморијата, деменција и мозочен удар, покажа студија спроведена на Универзитетот Куопио.

Резултатите се базираат на петгодишно следење на 3.660 постари лица кои немале значителни здравствени проблеми на почетокот на студијата, објавено од научното списание Неврологија.

Омега-3 масните киселини имаат антиинфламаторно дејство и веќе се поврзани со помал ризик од развој на срцеви заболувања.

Истражувачите забележуваат дека позитивниот ефект на омега-3 масните киселини не се забележува кај испитаниците кои најчесто консумираат пржена риба.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име