Дома Нега и убавина РЕЦЕПТ: третман за раст на ноктите со само 3 состојки!

РЕЦЕПТ: третман за раст на ноктите со само 3 состојки!

731
0

Долгите, здрави и убави нокти се она што повеќето жени го сакаат, но многумина не можат да го постигнат тоа. Причините се различни. Некои луѓе гризат нокти, а други имаат проблеми со слаби нокти кои се склони кон пукање што доведува до неуредни нокти кои не можат да растат доволно.

Точно, ако сакате долги нокти можете да направите вештачки, но некои жени не се навикнати или едноставно не сакаат нивните веќе слаби нокти дополнително да се уништуваат поради ставање гел на ноктите.

За сите оние кои не сакаат вештачки додатоци и немаат квалитетни нокти, природата се погрижи за нив со своите третмани кои ги зајакнуваат ноктите и ги прават сјајни, ги отстрануваат жолтилото и дамките и го забрзуваат растот за само неколку дена.

Како да направите природен препарат за долги и здрави нокти?

Рецептот е многу едноставен, се состои од три состојки што секој ги има во кујната, а тоа се: лук, маслиново масло и портокал. Ако немате портокал, лимон или некој друг цитрус исто така ќе ви послужи.

Состојки:

2 чешниња лук,

1 портокал,

4 лажици маслиново масло,

Подготовка:

Прво исечкајте го лукот или притиснете, а потоа додадете свежо исцеден сок од портокал и добро измешајте.

Поделете ја смесата во две помали чинии и ставете ги ноктите внатре околу 15 минути.

Додадете 2 лажици маслиново масло во двата сада, измешајте и вратете ги ноктите 10 минути. Измијте ги рацете и ставете масло или хидратантна крема.

Повторете ја постапката 2-3 пати неделно. По само неколку дена ќе видите промени, вашите нокти ќе бидат здрави, долги и цврсти.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име