Дома Твој готвач Рецепт: Роловано пилешко со спанаќ и сирење

Рецепт: Роловано пилешко со спанаќ и сирење

1070
0



Фантастично роловано пилешко со фил од спанаќ и сирење.

Состојки:

  • 2 пилешки стека

Маринада:

  • 1 лажица сенф
  • сол, бибер, зачини по желба

Мешавина за печење:

  • 2 јајца
  • 2 лажици брашно
  • 3 лажици лебни трошки
  • 1 лажица пармезан
  • малку мелен црвен пипер

Полнење:

  • Спанаќ
  • фета сирење

Подготовка:

Прво исцедете го пилешкото чисто месо. Ставете го месото во проѕирна фолија и лесно истолчете го со чекан за месо.

Месото премачкајте го со сенф и зачини, па ставете го во фрижидер еден час.

Подготвеното месо ставете го на фолија и наполнете го. На едната страна од пилешкиот стек ставете спанаќ и врз него наредете фета сирење.

Полнетиот стек лесно, цврсто и внимателно виткајте го и ставете чепкалки, завиткајте ги во фолија и оставете го во фрижидер.

Непосредно пред ручекот извадете го пилешко од фрижидер. Изматете ги јајцата и посолете ги.

Валаното пилешко лесно ставете го во брашното, па во јајцата, па во лебните трошки измешани со пармезанот.

Се става во загреано масло и пополека се пржи додека не порумени. Пржете го пилешкото од сите страни. Извадете го прженото пилешко во салфетка за да се впие вишокот маснотии и да се излади.

Изладеното пилешко исечете го на еднакви делови и послужете го со салата по ваш избор.

Добар апетит!

извор:coolinarika

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име