Дома Твој готвач Рецепт: Полнето пилешко од рерна

Рецепт: Полнето пилешко од рерна

1195
0

Ручек за вистински гурмани.

Состојки:

  • 2 пилешки батаци без коски
  • 2 подебели листови кашкавал
  • 2 подолги парчиња сланина
  • зачини по желба
  • сол

Подготовка:

Батаните се толчат малку со толчник за месо, се посолуваат и се додаваат зачините.

Врз месото ставете подебело парче кашкавал, а преку него парче сланина.

Свиткајте го месото во ролат и прицврстете го со чепкалка за заби. Постапката повторете ја со друга батак.

Ставете го месото во плех обложен со хартија за печење и покријте го со алуминиумска фолија.

Се пече на 220 степени првиот половина час.

Потоа извадете ја фолијата и печете уште 25 минути за да добиете убава кора.

Послужете топло.

Добар апетит!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име