Почастете се со појадок или десерт кој потсетува на детството …
Рецептот е стар скоро половина век и затоа начинот на подготовка е малку архаичен. Токму тоа е шармот!
Тајната кога готвите ориз во млеко на тивок оган е повремено да погледнете за да бидете сигурни дека го апсорбирал млекото. Класичниот сутлијаш со неколку додатоци, можете да го трансформирате од старомоден појадок во извонреден десерт . Во млекото можете да ставите стапче ванила, цимет, рум, кафе, па дури и стопено чоколадо, а потоа да измешате суво овошје, ореви, џем, додатоци од овошје …
Состојки :
150 гр ориз
750 мл млеко
4 лажици шеќер
малку сол
Подготовка:
Варете го оризот во вода три минути, а потоа исцедете го.
Додадете малку сол во млекото, ставете го на оган и почекајте да зоврие, па додадете го оризот.
Гответе на тивок оган додека оризот не го впие млекото и не мешајте.
Додадете шеќер во врелиот ориз и нежно измешајте со вилушка за да ги задржите зрната цели.