Дома Твој готвач Рецепт на денот: Шпагети болоњезе

Рецепт на денот: Шпагети болоњезе

933
0

Време е за вкусни тестенини… Време е за традиционалниот рецепт за шпагети болоњезе кој секогаш ни е најлесен и омилен…

Состојки:

  • 300 гр шпагети
  • 500 гр мелено месо
  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • 500 мл сос од домати
  • пармезан
  • сол
  • бибер
  • морско оревче

Подготовка:

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, изрендан морков и додадете мелено месо. Кога месото ќе се испржи, се прелива сосот од домати и се вари 10 минути до саканата густина, па се додава по вкус, бибер и малку морско оревче. Шпагетите сварете ги според упатството на пакувањето, внимавајќи да не се преварат. Со болоњезе сосот прелијте ги шпагетите, посолете, наросете пармезан и украсете со магдонос.

Извор: Recepti.com

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име