Пилешкото е едно од омилените јадења во многу семејства, а копаните и наскопаните со овој сочен прелив ќе ги сакаат сите. Откако ќе го пробате овој сос, веруваме дека со задоволство ќе го подготвите бидејќи се потребни околу 5 минути за да се подготви, не сметајќи го времето за печење и само неколку едноставни состојки.
Потребни состојки:
- килограм копан со надкопан
- 5 лажици масло
- 5 лажици соја сос
- 4 лажици кечап
- 3 лажици мед
- 2-3 чешниња ситно сечкан лук
- сол, бибер
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Месото се става во тавче, па се меша маслото, соја сосот, кечапот, медот, лукот, солта и биберот во сад. Добиената смеса прелијте ја врз пилешкото.
- Се пече во рерна околу еден час.