Многу вкусни колачиња со бадеми.
Состојки:
- 150 гр брашно
- 125 гр путер
- 50 гр шеќер во прав
- 125 гр мелени бадеми
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 јајце
- малку сол
- 1 ванилин шеќер
за посипување:
- 50 гр шеќер во прав
- 2 ванилин шеќери
Подготовка:
Сите состојки за колачињата убаво измесете ги за да добиете компактно тесто.
Потоа завиткајте го тестото во фолија и оставете го 30 минути на ладно.
Загрејте ја рерната на 175 степени.
Подгответе плех обложен со хартија за печење.
Направете ролат од тестото и исечете го на парчиња дебели околу два сантиметри.
Направете топчиња, притиснете малку од дното и ставете ги во подготвениот плех.
Печете ги бисквитите до 12 минути и по желба посипете ги со мешавина од шеќер и ванилин шеќер.
Добар апетит!
Извор: Coolinarika