Рецепт за шубари: Кремасти празнични колачиња со кокос и чоколадо
Кокос и чоколадо, заљубен пар. Љубителите на овие намирници и нивната комбинација секако ќе сакаат да го пробаат овој рецепт. Ако сè уште не сте ги направиле популарните колачиња шубари (познати и како руски капи), сега е време да го направите тоа.
Состојки за бисквит:
6 јајца
6 големи лажици шеќер
6 големи лажици брашно
4 големи лажици какао
2 мали лажици прашок за пециво
6 големи лажици млеко
Состојки за кремот:
600 мл млеко
5 големи лажици густин
5 големи лажици шеќер
1 лажица екстракт од ванила или 1 ванилин шеќер
150 гг путер
Состојки за глазурата:
100 гр темно чоколадо
50 гр путер
Дополнителни состојки:
150 гр кокос
Шубари – подготовка:
Започнете со подготовка на бисквитите. Брашното, какаото и прашокот за печиво измешајте ги, а потоа просејте сè во еден сад за подобро да се соедини и оставете го на страна. Измешајте ги јајцата со шеќерот додека смесата не се удвои во големина, не стане пенеста и бледо жолта. Наизменично додадете го млакото млеко и смесата со брашно и какао додека не се измешаат сите состојки.
Обложете широк плех со хартија за печење, истурете ја смесата внатре и печете во рерна загреана на 180 Целзиусови степени околу 20 минути, во зависност од моќноста на рерната. Кога колачот ќе се испече, извадете го и оставете го целосно да се излади.
Сега подгответе го кремот. Од подготвената количина одвојте малку млеко и внатре изматете го згуснувачот, шеќерот и ванилата. Остатокот од млекото ставете го на тивок оган и кога ќе зоврие додадете ја изматената смеса со шеќерот и ванилата и оставете да зоврие. Мешајте постојано со жица за да не се згрутчи кремот и да не се залепи на дното на садот. Кремот се вари околу 8-10 минути. После тоа, оставете го целосно да се излади. Кога ќе се излади додадете го пенестиот путер и со миксер соединете сè додека кремот и путерот не се соединат.
Потоа започнете со подготовка на шубарите. Земете остар секач за бисквити или крофни или чаша со многу тенок и остар раб. Прилагодете го дијаметарот според вашите желби и можности. Од изладеното тесто исечете мали кругови. Обилно покријте го еден круг со крем и покријте го со друг, а потоа покријте го целиот надворешен раб со крем. Потоа надворешниот раб, односно целото место каде што е кремот, превртете го во кокос и ставете го странично на плехот. Повторете ја постапката додека не го потрошите целото тесто.
Чоколадото искинете го на коцки и ставете го во помал сад, па додадете го путерот исечкан на парчиња. Се топи на тивок оган, се меша убаво и со мало лажиче се става глазурата на горниот дел од шубарите. Кога ќе се изладат на собна температура, ставете ги во фрижидер.
Уживајте!