Дома Здравје Рецепт за здрав пијалок од целер…

Рецепт за здрав пијалок од целер…

936
0

Пијалокот од целер има многу придобивки за организмот, а неодамна стана популарен.
Консумирајќи сок од целер, го детоксицирате организмот, но и правите добро на вашата кожа и коса. Постојат многу придобивки од целерот.


Овој зеленчук е познат уште од античко време. Пронајден е во пирамидата на Тутанкамон која датира од 1323 година п.н.е. Се користел во античка Грција, па дури се споменува и во „Илијада“ и „Одисеја“ на Хомер.
Целерот е растение кое содржи многу витамини, но влијае и на процесот на стареење. Целерот содржи и витамин К и го штити здравјето на коските и срцето.


Одличен извор на влакна, калциум, магнезиум, фосфор, витамини Б и Б6, витамин Ц и многу други минерали. Содржи многу малку заситени масти и холестерол. Коренот, стеблото и листот се користат во исхраната. Тој е неопходен дел од супи, салати, чорби и варива, а сувите семки од целер се користат како посебен зачин.


Иако е честа состојка за правење супа, целерот може да се конзумира и како сок кој можете да го направите на следниов начин:
Состојки:
2 стебленца целер,
јаболко или лимета,
Подгответе го пијалокот со сечкање на целерот, додавање на овошјето по желба и мешање на сè во блендер.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име