Дома Твој готвач Рецепт: белгиски вафли

Рецепт: белгиски вафли

1089
0

Меко и миризливо задоволство, дури и следниот ден.

Состојки:

  • 500 гр брашно + прстофат сол
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 400 гр путер
  • 250 гр шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1/2 кесичка прашок за пудинг од ванила
  • 6 јајца

Подготовка:

Во поголем сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот, ванилиниот шеќер и пудингот.

Растопете го путерот и кога ќе се олади измешајте го со изматените јајца.

Оваа смеса лесно истурете ја во смесата со брашно и мешајте со дрвена лажица додека не се добие фина мазна смеса. Покријте сè и оставете да отстои неколку часа.

Смесата се пече во машина за вафли.

Посипете со чоколадо, посипете со шеќер во прав или декорирајте по желба.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име