Дома Твој готвач Рецептот за совршена малинада е се што ви треба во овие топли...

Рецептот за совршена малинада е се што ви треба во овие топли денови!

501
0

Рецептот за совршена малинада е се што ви треба во овие топли денови!

Купените сокови во повеќето случаи не се добар избор бидејќи содржат бројни вештачки адитиви, затоа ви оставаме рецепт за природен сок од лимон

Хидратацијата е неопходна за метаболизмот и нормалните физиолошки функции, особено во лето кога телото губи дополнителни течности преку потење. Најпрво со вода внесуваме есенцијални материи како калциум и магнезиум, а токсините ги исфрламе од виталните органи. Со хидратација на телото, ја одржуваме нормалната телесна температура и притисок.

Дехидрацијата може да има сериозни здравствени последици. Ви носиме совети како да останете хидрирани во текот на летото, а Марина Декан, блогерка за храна, ни го откри рецептот за совршено освежителен пијалок во текот на летните денови -малинада.

Изберете природни сокови и смути без додаден шеќер

Во повеќето случаи, соковите од продавница не се добар избор бидејќи содржат бројни вештачки адитиви, вкусови и засладувачи, а најмногу рафинирани шеќери, за кои е докажано дека имаат бројни негативни аспекти за човечкото тело. Затоа ви предлагам наместо тоа да пиете вода, билни чаеви и природни сокови, кои можете сами да ги направите со цедење или мешање на овошје и зеленчук.

Совршено освежителен пијалок за топлите летни денови

Рецепт:

1 литар вода
2 лимони
1 лажица мед
10 малини
Мраз по желба

Процедете ја лимонадата пред послужување

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име