Реванија – старомодна торта од гриз што се топи во уста
Реванија е традиционална торта од гриз, позната во различни региони под имињата раванија или рахванија. Овој едноставен рецепт дава торта слична на патишпања (лутма), а подготовката уште повеќе ја олеснува бидејќи користи чашка од два децилитри. За декорација можете да користите бадеми или други јаткасти плодови по желба.
Состојки за бисквитот:
1 чаша гриз
½ чаша брашно
1 кесичка прашок за пециво
6 јајца
рендана кора од еден лимон
Состојки за прелив:
1 чаша шеќер
2 кесички ванилин шеќер
1 чаша вода
Подготовка на торта
Во сад измешајте брашно, прашок за пециво, гриз и кора од лимон.
Во друг сад изматете ги јајцата и шеќерот додека не станат пенеста смеса.
Постепено додавајте ја смесата со брашно во јајцата и шеќерот, мешајте додека се се соедини.
Намачкајте ја тавата или калапот и посипете ја со брашно, па прелијте ја смесата.
Печете 25 минути во загреана рерна на 180°C. Кога ќе се испече бисквитот, исечете го на еднакви коцки.
Подготовка на преливот:
Додека колачот се пече, подгответе го преливот. Се вари водата со шеќер и ванилин шеќер додека не зоврие. Топлиот прелив прелијте го врз топлите коцки колачи и оставете ја добро да се впие. На крајот, секоја коцка можете да ја декорирате со бадеми или други јаткасти плодови по ваш избор.