Дома Здравје РАКИЈАТА СО ЖАЛФИЈА Е ПОСИЛНА ОД КОЈА БИЛО ХЕМИЈА: Зачувајте ги овие...

РАКИЈАТА СО ЖАЛФИЈА Е ПОСИЛНА ОД КОЈА БИЛО ХЕМИЈА: Зачувајте ги овие 3 рецепти за вашето здравје

34326
0

РАКИЈАТА СО ЖАЛФИЈА Е ПОСИЛНА ОД КОЈА БИЛО ХЕМИЈА: Зачувајте ги овие 3 рецепти за вашето здравје

За да не одите веднаш на лекар, обидете се да се лекувате природно со овие рецепти на нашите баби…

Жалфијата е посебна билка, добра е за инфекции на грлото и дишните патишта, но и за разни инфекции на устата. Одличен е за стомачни и цревни проблеми.

Жалфијата помага при висока телесна температура, болки во телото и треска кои се појавуваат пред настинка.

Ракија со жалфија:

Во 1,5 литри чиста домашна ракија треба да потопите 250 грама листови жалфија.

Оставете така да отстои 3 недели, па процедете и додадете 1,5 килограм багремов мед.

Истурете во стаклени шишиња и оставете да отстои уште 3 недели.

Протресете го понекогаш, и пијте го секој ден, по една мала лажица еднаш дневно. Имајте предвид дека ова е исклучително здрав и добар рецепт за целото семејство.

Тинктура за превенција од болести:

Додадете 20 грама мали листови жалфија во децилитар 70% етил алкохол.

Нека остане вака на топло место еден месец.

Ставете околу 15 капки во малку вода и пијте 3 пати на ден.

Децата и бремените жени не треба да го користат ова.

Жалфија и цимет против бронхитис:

Растопете две лажици шеќер и прелијте со половина литар млеко.

Кога ќе зоврие тргнете го од оган и додадете една лажичка ситна жалфија и половина лажичка цимет во прав.

Оставете го вака да отстои десетина минути и процедете го и пијте го три пати на ден.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име