Дома Психолошки совети Психолозите објаснуваат како да препознаете нездрав однос мајка-ќерка

Психолозите објаснуваат како да препознаете нездрав однос мајка-ќерка

1762
0

Психолозите објаснуваат како да препознаете нездрав однос мајка-ќерка
Најчесто станува збор за споредување на ќерката со нејзините врсници, пријателки или сестри


Иако секоја мајка се труди да биде што е можно подобра со својата ќерка, понекогаш нивната врска може да стане нездрава и со тоа да му наштети на развојот на детето.

Како што објаснуваат психолозите, постојат неколку јасни показатели кои откриваат дека односот меѓу мајката и ќерката е сè само не добар.

Еден од првите знаци е мајката склона кон критики. Иако е јасно дека секоја мајка ќе тежнее да ги истакне грешките на нејзината ќерка за да и помогне, тоа што е премногу критично само покажува дека нешто не е во ред со односот мајка-ќерка.

Психолозите тврдат дека секоја врска, особено односот помеѓу родителот и детето, треба да се заснова на разбирање, а не на постојана критика, пишува „Very Well Family“.

Друг знак за нездрав однос мајка-ќерка е споредбата со другите. Најчесто станува збор за споредување на ќерката со нејзините врсници, пријателки или сестри.

Сето ова, предупредуваат психолозите, е знак дека врската помеѓу мајката и ќерката е нарушена бидејќи се заснова на пронаоѓање маани, а не на истакнување доблести.

Други знаци на нездрава врска се емотивно недостапна мајка, мајка која е преокупирана со себе и сопствените проблеми и ги игнорира проблемите на ќерка си и мајка склона кон навреди.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име