Дома Живот Пролет е! Забавувајте се на отворено!

Пролет е! Забавувајте се на отворено!

719
0

Кога температурата надвор е пријатна, а пејзажот е сончев и цвета, скоро секоја активност, па дури и вежбање, е позабавно и пружи поголемо задоволство. Еве пет начини на кои можете да го поминете времето корисно – согорувајте калории, бидете во форма и забавувајте се на свеж воздух!


Тенис
Не мора да бидете професионалец – тенисот е забавен за оние со подобри способности, но исто така и за аматерите. Опремата исто така не мора да биде прескапа, и без разлика дали играте со пријател, партнер или сами (голем ѕид е доволен), ќе потрошите скоро 500 калории на час.


Пешачете
Ова е идеална пролетна рекреација! Нерамен терен и падини со кои се среќавате за време на рекреацијата, го принудуваат вашето тело да работи понапорно отколку движењето на рамна површина. Ова значи дека активирате повеќе мускулни групи и истовремено го тренирате центарот за рамнотежа, односно согорувате повеќе калории – околу 400 на час. Дополнителен плус на пешачењето се прекрасниот пејзаж и звуците што ве опкружуваат!


Градинарство
Градинарството е пријатен начин да го поминувате времето на отворено, и сигурно ќе бидете многу горди на ефектите од вашата работа. Кога работите сами во градината, без употреба на машини, го зголемувате интензитетот и потрошувачката на калории. Така што работењето во градината троши во просек околу 300 калории на час, што не е лош начин за вежбање , а истовремено да го разубавувате вашиот дом.


Возење велосипед
Ако не сакате пешачење, обидете се со велосипедизам. Без разлика дали возите велосипед до работа или за рекреација, на овој начин ќе потрошите 270 калории на час и ќе ги зајакнете нозете и белите дробови.


Измијте ја колата
Со првите убави сончеви денови, на патот има се повеќе мотоцикли и скутери, бидејќи нивните сопственици го искористија доаѓањето на убаво време за да возат на отворено. Исто така, редот пред миење автомобили е поголем. Заштедете пари и измијте го автомобилот со рака. Фактот дека со оваа активност потрошите околу 250 калории на час.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име