Дома Интересно Пристигнуваат нови вегански патики „адидас“ направени од печурки!?Да точно е…

Пристигнуваат нови вегански патики „адидас“ направени од печурки!?Да точно е…

640
0

Фановите на брендот адидас, за кои еколошката свест е високо на списокот на приоритети при купувањето, имаат добра причина да се радуваат. Имено, познатата марка објави нов модел на вегански кожни патики изработени од нов, иновативен материјал – габа.


Откако лансираше веганска верзија на неколку свои класици во 2020 година, како што се моделите Стен Смит, Самба, Слик, Суперстар и Континентал 80, брендот сега одлучи да оди понатаму и посериозно во насока на одржливост. Во своето соопштение за печатот , тој објави дека развива нов, „целосно биолошки“ кожен материјал изработен од „мицелиум“, тенок вегетативен дел од габата, кој добро ја апсорбира влагата, не е токсичен и водоотпорен.


Во својата изјава за одржливост, адидас нагласува дека новата веганска линија патики е дел од мисијата на брендот да го елиминира пластичниот отпад, а тие исто така имаат за цел да постигнат глобална неутралност на климата до 2050 година.

„Адидас“ исто така наведува дека, почнувајќи од 2021 година, повеќе од 60 проценти од производите ќе бидат направени од одржливи материјали, додека во 2024 година тие ќе започнат да користат само рециклиран полиестер.


Според изјавата на директорот на брендот, Каспер Рорстед, за време на пандемијата на коронавирус, адидас продолжи да инвестира во одржливи иницијативи, што доведе до значително проширување на одржливите производи во тековната година.

Адидас исто така целосно се откажа од крзно во своите производи и соработува со Парли за Океаните од 2015 година и планира да произведе 17 милиони пара рециклирани пластични патики собрани на плажите и крајбрежните области во 2021 година.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име