Прелив за пита што го користат пекарите: ќе биде крцкава и мека во исто време
Сите ќе ве прашаат која е тајната на подготовката
Секоја домаќинка знае колку е важен преливот при подготовка на пита. Тајната на вкусната пита се крие во нејзиниот прелив, а во продолжение ви пренесуваме рецепт за прелив што го користат пекарите и кој сигурно ќе ја направи помека и посочна.
Состојки:
8 лажици брашно
1 сув квасец
2 чаши млеко
1 шолја масло
сол или шеќер (во зависност од тоа дали правите слатка или солена пита)
Подготовка:
Кога правите пити од готови кори, солени или слатки, секоја кора премачкајте ја со овој прелив, па наполнете ја на вообичаен начин.
Прелијте го остатокот од преливот врз питата и оставете ја да отстои час и половина пред да ја печете.