Дома Позитив на денот Православните христијани денеска го празнуваат Св. Василиј Велики

Православните христијани денеска го празнуваат Св. Василиј Велики

890
0

По Божиќ православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица односно Стара нова година. Според обичаите на овој ден се прави домашна погача, зелник или мазник во зависност од регионот, во која домаќинките ставаат паричка, пеењето на василичарските песни во кој треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палењето на огнот кои треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.

Свети Василиј Велики е еден од најголемите Отци на Црквата Христова низ вековите. Роден е 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и мајка Емилија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот.

На овој ден, православните христијани ја одбележуваат Православната Нова година, позната уште како и Стара Нова година, а именден слават сите оние кои го носат името Васил, Васко, Василка, Васа….

Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква – Василиј се нарекува Велики потполно заслужено.

За многу години…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име