Дома Здравје Појадувајте и ослабете!

Појадувајте и ослабете!

608
0

Веројатно веќе знаете дека појадокот е најважниот оброк во денот. Покрај тоа, појадокот е клучот за здравјето! Без оглед колку сте зафатени, важно е да му дадете енергија на вашето тело, затоа не го прескокнувајте овој оброк.
Ако не можете да се расонете наутро – појадувајте! Имено, го надополнувате нивото на гликоза со појадок, а гликозата е извор на енергија. Покрај тоа, појадокот поттикнува губење на тежината.
По 8 или 9 часа спиење, време кога телото мирува име се внесува ништо, наутро сте скоро во прва фаза на чувството на глад. Прескокнувајќи го појадокот, вашето тело останува во таа фаза. Од друга страна, ако појадувате, го забрзувате метаболизмот и ја прекинете таа фаза.
Ако се обидувате да се ослободите од вишокот килограми, последно што сакате да направите е да останете без појадок затоа што здравиот појадок ги охрабрува масните клетки да се растворат. Затоа, вклучете храна богата со железо, витамини и растителни влакна во вашиот појадок. Есенцијалните витамини и минерали може да се заменат само преку храна.
Појадокот спречува глад во текот на денот, така што можете да избегнувате калорична храна на работа. Ако го прескокнете, полесно ќе бидете во искушение да консумирате грицки и да пиете кафе од автоматот.
Од што се состои квалитетен појадок?
Здравиот и квалитетен појадок треба да вклучува разновидна храна. Најдобро би било да имате сложени јаглехидрати, протеини и влакна на вашата чинија.Протеините се наоѓаат во јајцата, гравот и сојата, додека влакната и јаглехидратите може да се најдат во житарките и овошјето. На пример, добар појадок изгледаше вака: варено јајце, портокал и снегулки со обезмастено млеко.
Што и да одберете, појадокот ќе им даде на вашето тело и мозок потребната енергија во текот на целиот ден. Бидете љубезни кон себе и не го прескокнувајте појадокот затоа што сигурно ќе се чувствувате подобро во текот на денот!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име