Дома Психолошки совети Потребно е повеќе зеленило и паркови: Само 20 минути во парк се...

Потребно е повеќе зеленило и паркови: Само 20 минути во парк се добри за менталното здравје

781
0

И пократок престој во природа позитивно влијае на човекот, без разлика на возраста.

Само 20 минути дневно поминати во градски парк ќе направат да се чувствувате посреќни и позадоволни, а не мора да вежбате, покажало истражување на американски научници.

Студијата што ја спроведоа сугерира дека градските паркови им овозможуваат на корисниците да „потонат“ во природата, што носи значителни физички и ментални придобивки, како што се намалување на стресот и закрепнување од ментален замор.

Резултатите од истражувањето на научниците од Американскиот универзитет во Алабама во Бирмингем беа објавени во Меѓународниот весник за истражување на здравјето на животната средина.

  • Посетителите на паркот вклучени во истражувањето рекоа дека по престојот во природа се чувствуваат подобро, и физички и психички, рече авторот на студијата Хон К. Јуен, додавајќи дека тој и колегите откриле дека нивото на физичка активност на учесниците во истражувањето не е поврзано со подобрување емоционални придобивки.

Авторите на студијата велат и дека луѓето кои не се во можност да вежбаат поради старост или инвалидитет имаат голема придобивка од престојот во градските паркови.

Повратните информации што ги добија од стотици испитаници ги наведоа научниците да заклучат дека зелените површини во урбаните области поттикнуваат емоционална благосостојба и дека треба да се градат повеќе паркови и зелени површини во градовите .

„ Лошо е што градските власти и инвеститорите ширум светот се повеќе ги заменуваат зелените површини во урбаните средини со станбени и деловни објекти “, со жалење вели коавторот на студијата, Гевин Џенкинс. „ Иако научниците сè повеќе укажуваат на вредностите на градските паркови и зелените површини, за жал сè уште сме сведоци на намалување на бројот на такви простори “, додаде Џенкинс.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име