Постпразничната депресија е феномен кој е многу присутен во нашите животи, а еве за што се работи и како да се справиме со неа.
Сите зборуваат за празничната депресија, новогодишниот блуз и депресијата за време на празниците. Но, раздразливоста, рамнодушноста, промените во расположението и слични симптоми може да нè снајдат и откако конечно ќе стивне целата празнична еуфорија.
Постпразнична депресија
Постпразничниот синдром, стресот или депресијата е феномен кој ги има истите карактеристики како анксиозноста или нарушувањата на расположението: несоница, недостаток на енергија, раздразливост, тешкотии со концентрирање и анксиозност. Но, за разлика од клиничката, постпразничната депресија трае пократко. Иако повеќе внимание се посветува на депресијата пред и за време на празниците, незадоволството после истата е многу присутно кај многумина.
Иако се работи за релативно нов концепт, експертите сметаат дека овој тип на депресија е предизвикан од повлекување на хормоните на стресот, по некој голем настан (важен рок за поднесување задача, важен настан или празниците). И ова повлекување на хормоните на стрес има огромно влијание врз нашата биолошка и психолошка благосостојба.
Како се манифестира оваа состојба?
Стрес околу празниците, организација, брзање, купување подароци, очекувања од празниците, собирање со семејството и пријателите, завршување деловни задачи пред празниците…
Сето ова може да биде многу емотивно исцрпувачки, а кога сè ќе се смири и ќе се врати назад, лесно можеме да чувствуваат постпразнична депресија.
Со сиот овој стрес, внесот на шеќер (празнични задоволства, колачи, пити и слатки) игра огромна улога во зајакнувањето на чувството на анксиозност, исто како и прекумерното внесување алкохол.
Колку долго трае постпразничната депресија?
Периодот е индивидуален, но доколку симптомите како што се раздразливост, тага и исцрпеност траат неколку месеци, време е да се обратите кај специјалист.
Како да се надмине постпразничната депресија?
Грижете се за себе – спијте доволно, хранете се здраво, вежбајте и намалете го внесот на шеќер и алкохол.
Не треба да избегнувате дружење – социјалните интеракции се клучни за нашата благосостојба. Одвојте време за пријателите и хоби во кои уживате.
Бидете трпеливи и нежни со себе – овие чувства нема да траат вечно, потребно е само време. Грижете се за себе, одвојте време за себе (читајте книги, извршувајте омилени хоби, фотографирајте, пишувајте дневник ).