Во тек е Божиќниот пост, што значи дека е време да испробате посни рецепти кои ќе го воодушеват целото семејство и сите што ќе дојдат да ве посетат.
Слатките се секогаш популарна храна на трпезата за празниците.
Тоа се посни бајадери со лешници. Уживајте.
Состојки:
10 лажици вода
400 гр маргарин
400 гр шеќер во прав
400 гр мелени лешници
400 гр мелен посен бисквит
100 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Направете смеса од сите состојки, освен чоколадата, потоа поделете ја на два еднакви дела и оставете ги убаво да се изладат и да се стегнат во фрижидер (најмалку 2 часа). Потоа растопете ја чоколадата на пареа и измешајте ја со едната половина од подготвената маса. На плех обложен со хартија за печење намачкајте ја масата без чоколадо, а над неа чоколадната. По желба можете дополнително да ја премачкате целата бајадера со растопено чоколадо, па сè повторно да го ставите во фрижидер да се излади и да се развлече. Пред сервирање, исечете ја бајадерата на штангли со саканата големина.