Дома Твој готвач Посна торта РЕФОРМ: Најдобриот рецепт за познатиот десерт кој го обожаваат сите...

Посна торта РЕФОРМ: Најдобриот рецепт за познатиот десерт кој го обожаваат сите генерации

6
0

Посна торта РЕФОРМ: Најдобриот рецепт за познатиот десерт кој го обожаваат сите генерации

Реформ е омилена торта во Македонија, а денес ви го пренесуваме најдобриот рецепт за посна варијанта

Празнична трпеза е незамислива без реформ, полни со мелени и сечкани ореви и чоколаден фил.

Повеќето домаќинки имаат рецепт за мрсната верзија на овој надалеку познат деликатес , ви пренесуваме проверено посна верзија.

Состојки:

За корите:

200 гр брашно

150 гр мелени ореви

150 гр сечкани ореви

150 гр мед

150 мл вода

100 гр шеќер

кесичка прашок за пециво

За полнење:

300 гр мелени ореви

250 гр шеќер

80 мл вода

кесичка ванилин-шеќер

150 гр посно чоколадо за готвење

250 гр посен маргарин

За глазурата:

150 гр посно чоколадо

4 лажици масло

Подготовка:

Измешајте мед, вода и шеќер за да добиете компактна течност.

Во друг сад измешајте 200 грама брашно со кесичка прашок за пециво, па додајте мелени и сечкани ореви. Течните и сувите состојки соединете ги со помош на блендер, па смесата за кората истурете ја во широка тава која претходно сте ја премачкале со масло и ја посипавте со брашно.

Печете ја кората на 180 степени дваесет минути. Кога кората ќе се олади, пресечете ја по должина на три дела.

Истурете вода во тенџере, додадете шеќер и ванилин-шеќер и варете додека не почне да тече. Тргнете ја тавата од оган, додадете ги мелените ореви и посното чоколадо искршено на парчиња и енергично мешајте со процесор за храна додека да се растопи чоколадото. Филот се остава да се излади, а потоа се додава изматениот маргарин.

Покријте ги корите со филот и оставете го колачот да одмори 24 часа. По 24 часа направете ја глазурата така што на тивок оган ќе растопите 150 грама нискомаслено чоколадо со четири лажици масло. Додека е уште топла глазурата прелијте ја врз колачот и оставете ја да се стегне.

По желба украсете ја тортата со сечкани и мелени ореви.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име