Дома Твој готвач Посна проја со ајвар готова за 30 минути – одлична храна за...

Посна проја со ајвар готова за 30 минути – одлична храна за време на постот

5885
0

Посна проја со ајвар готова за 30 минути – одлична храна за време на постот

Посна проја со ајвар е одлична храна за време на постот или како предјадење за празниците. Пројите се многу убави, вкусни и меки, но и многу практични.

Можете да ги направите од основни состојки за само 30 минути.

Имам дел од мерката печено без ајвар, а дел со ајвар. Ако сакате да ја подготвите целата мерка со ајвар ставете 5 лажици, а ако сакате како мене прво испечете го делот без ајвар, а потоа додадете 2 лажици ајвар и испечете ги и нив.

Состојки:
3 шолји пченкарно брашно,
1 шолја пченично брашно,
1 лажичка сол,
1 прашок за пециво,
1 шолја масло,
3 чаши кисела вода,
2 лажици ајвар (по дел од мерката)

Подготовка:
Истурете ги сите состојки во сад по редоследот по кој ги наведов погоре и изматете да се распаднат сите грутки.

Истурете го тестото во калап за мафини со корпи за печење. Наполнете ги скоро до крај, посипете ги со сусам и печете во загреана рерна на 180°C 20 минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име