Дома Твој готвач ПОСНА ПИЦА! Вкусна вечера која ќе ве воодушеви!

ПОСНА ПИЦА! Вкусна вечера која ќе ве воодушеви!

1096
0


Пицата може да биде неверојатно вкусна дури и кога се подготвува на овој начин

Ви пренесуваме рецепт за посна пица која сите ќе ја обожаваат.


Состојки:

две средни тиквички
пола лажичка лук во прав
пола лажичка сушен босилек
пола лажичка сушен оригано
половина лажичка сушен рузмарин
половина шолја брашно
малку кокосово млеко
маслиново масло
песто сос
два домати
грст маслинки
половина главица кромид
сол, пипер

Подготовка:

Тиквичките се мијат, се лупат, се рендаат, па се бланшираат кратко во топла вода. Потоа изладете ги малку, па исцедете ги колку што е можно повеќе. Додадете босилек, оригано, рузмарин, лук, брашно и кокосово млеко и замесете тесто.

Формирајте круг, ставете во плех обложен со хартија за печење, па печете во рерна на 220 степени околу 20 минути. Топлото тесто премачкајте го со песто, одозгора наредете ги исечканите домати, кромидот и маслинките и веднаш послужете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име