Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител.
За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него се законот и пророците. Според преданието, Јован го крстил Исус.
Првичното место на служба му била јорданската пустина, а потоа јорданскиот брег. Она што тој постојано го нагласувал е дека неговото крштение со вода е само подготовка за пречекот на Месијата и дека Месијата кој доаѓа е поголем од него.
Моштите на Св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, меѓу нив и Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител во Македонија. Токму на тоа свето место се наоѓа и чудотворната икона на Свети Јован Крстител.
Дел од Македонците овој ден го празнуваат како семејна слава, а именден слават Јован, Јована, Ване, Иван…
Честит празник, среќна слава и именден на оние што го носат ова свето име.