Дома Здравје Понекогаш заспивате уморни и не ги миете забите? Науката вели дека тоа...

Понекогаш заспивате уморни и не ги миете забите? Науката вели дека тоа е исклучително лошо за оралното здравје!

727
0

Едно од првите правила што ги учиме за хигиената како многу мали деца е правилото за утринско и вечерно четкање. Значи, забите треба да се мијат најмалку два пати на ден.

Но, на сите ни се случило барем еднаш, прескокнување на вечер. Некогаш уморот од работата не соборува па заспиваме на каучот, понекогаш излегувањето, а понекогаш само мрзеливоста не ни дозволува. Многу луѓе во тие моменти ќе помислат дека едно прескокнување на четкање на забите не прави голема разлика.

Но, неодамнешните научни истражувања го покажаа спротивното. Имено, резултатите од истражувањето покажале дека само еден ден без четкање на забите значително влијае на нашето орално здравје. Во здрава уста, добрите бактерии ги контролираат лошите. Но, лошите бактерии имаат голема моќ и можат многу брзо да ги совладаат добрите. Наслагите кои предизвикуваат гингивитис (воспаление на непцата) и кои се акумулираат на рабовите на непцата за само 12 часа може да се акумулираат и да направат огромна штета на нашите заби, непца и уста.

Што точно се случува ако одиме во кревет без да ги четкаме забите?
Кога не ги миеме забите пред спиење, лошите бактерии се шират со голема брзина и се хранат со остатоците од храната што остануваат на и меѓу забите. Но, освен што бактериите ја „јадат“ таа преостаната храна, тие ослободуваат киселини кои ги уништуваат забите и непцата. Добрата вест е дека ако добро ги измиеме забите во рок од 24 часа и ги отстранеме остатоците од храна со забен конец, нашите заби и непца ќе бидат безбедни.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име