Дома Здравје Половина од возрасните страдаат од недостаток на магнезиум…

Половина од возрасните страдаат од недостаток на магнезиум…

629
0

Честите главоболки, грчеви во нозете, несоница се само некои од примерите за недостаток на магнезиум во човечкото тело.

Магнезиумот е еден од седумте најважни макроелементи неопходни за нормално функционирање на организмот. Потребен е на секој орган во телото, особено на срцето и мускулите. Лекарите го препорачуваат и во превенција од висок крвен притисок, несоница, замор, остеопороза, мигрена, дијабетес и многу други болести.

Европската агенција за безбедност на храна во својата најнова изјава изјави дека магнезиумот придонесува за нормални психолошки функции, одржува добар крвен притисок и концентрација на гликоза во крвта, ги подобрува функциите на имунолошкиот систем и го намалува заморот. Познато е дека магнезиумот учествува во преку 300 различни метаболички процеси и како таков е неопходен за нормално функционирање на нервниот, мускулниот и скелетниот систем.

Човечкото тело содржи околу 25 грама магнезиум дистрибуиран во коските, мускулите, меките ткива и телесните течности. Телото не може сам да произведува магнезиум, па затоа мора да се внесува преку храната. Иако магнезиумот во природата може да се најде во зелениот зеленчук, житариците, јаткастите плодови, грашокот, пченката и месото, проблемот се јавува поради загадувањето на земјата, која станува се посиромашна со есенцијални минерали и витамини, а како резултат на тоа, растенијата стануваат посиромашни со овие хранливи материи.

Проценките на студијата исто така велат дека дури 50 проценти од возрасните имаат дефицит на магнезиум во телото.

Недостатокот на магнезиум може да предизвика промени во функционирањето на нервниот и мускулниот систем. Тие можат да се појават во форма на симптоми како што се: тремор или грчеви во мускулите, пореметување на крвниот притисок и отчукувањата на срцето, вртоглавица, замор, раздразливост, несоница и слично. Недостатокот на магнезиум може да се појави и како последица на разни болести, при употреба на некои лекови или поради зголемени потреби во периодот на раст, бременост, стрес или зголемена физичка активност.

Имајќи ја предвид исклучително важната улога што самиот магнезиум ја игра во човечкото тело, и фактот дека недостатокот на овој минерал е еден од водечките нутритивни дефицити, често е неопходно да се надомести со суплементи. Препорачаната доза е 375 мг на ден.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име