Дома Светски дестинации Покровска катедрала, величествениот скапоцен камен на Москва: Легендата за слепилото на архитектите...

Покровска катедрала, величествениот скапоцен камен на Москва: Легендата за слепилото на архитектите живее и денес!

888
0


Покровската катедрала не е само црква, туку спомен-храм подигнат во рамките на припојувањето на Казанскиот канат кон руската држава.

Катедралата Свети Василиј Блажен е главната катедрала на Црвениот плоштад во Москва, изградена во средината на 16 век по наредба на царот Иван Грозни како знак на победа над Казанскиот канат.
Кога се изградила оваа величествена зграда, таа била највисоката во градот, а кога ја граделе добивале совети од Италија за нова ѕидарска техника. Зградата се состои од 10 куполи, а секоја од нив е со различни бои – црвена, зелена, сина, жолта. Изгледот од бајките привлекува туристи ширум светот, па затоа ја посетуваат околу 400.000 луѓе годишно.
Со текот на времето, доживеала значителни промени и реставрации, го преживеала и нападот на Наполеон во 1812 година.
Четири од осумте олтари на катедралата се посветени на црковните празници со кои биле поврзани клучните настани од казанската историја. Едната е посветена на Света Троица, бидејќи, според една верзија, во средниот век, на ова место веќе стоел храм посветен на Света Троица.
Според една верзија, катедралата го симболизира Небесниот Ерусалим, т.е. Царството Божјо, чии sидови се украсени со скапоцени камења. Според втората верзија, архитектите се обиделе да направат катедрала идентична со црквата Влахерна во Цариград, каде се случило чудо кога Пресвета Богородица им се појавила на верниците додека се молела за спас од Сарацените и го заштити целиот христијански свет со нејзиниот покров.

Катедралата Свети Василиј Блажен е именувана по московски јасновидец, имал дарба за јасновидство. Тој предвидел дека пожар ќе избувне во 1547 година, и тоа се остварило. Огнот уништил скоро третина од Москва. Свети Василиј живеел воздржано, тој бил без соодветна облека и обувки во секое време. Немал ни покрив над главата. Кога починал, погребот го одржал митрополитот Макарије, а ковчегот го носеле Иван Грозни заедно со бојарите. По канонизацијата на Свети Василиј во 1588 година, во катедралата е додадена десеттата црква, во која биле пренесени неговите мошти, а потоа целиот ансамбл го добил името по овој благословен.
Легендата за слепилото на дизајнерите е поврзана со катедралата
Во тој период катедралата ја покажувала моќта на Русија, која штотуку излегла од војна, според легендата што живее до денес, рускиот цар – Иван Грозни наредил да ги ослепат архитектите кои ја создале катедралата со цел никогаш да не се создадат повторно вакво ремек-дело.
Сепак, најверојатно станува збор за измислена приказна. Подоцна, Посник ја изградил катедралата на Благовештение, како и sидовите и кулите на Казанскиот Кремљ.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име