Погледнете модни комбинации достојни за Гала Вечер на Хрватските познати личности
Сите се трудеа да бидат оригинални во изборот на свечена облека, но претежно доминираа гламурозните темни фустани и костуми – со неколку ’екскурзии’ со впечатливи бои кои исто така беа хит.
Како што доликува на ексклузивни настани, хуманитарната гала вечера на списанието Глорија и Фондацијата Марин Чилиќ во хотелот „Еспланада“ беше на врвот и во поглед на модата.
Генерално, може да се каже дека доминираа темните бои, па гостите најмногу избираа долги црни фустани во духот на стариот Холивуд, на кои дополнителна доза на гламур им даваа блескавиот накит и чевлите во впечатливи бои како контрапункт на аутфитот.