Дома Интересно Погледнете како изгледа апартман во леден хотел во Шведска

Погледнете како изгледа апартман во леден хотел во Шведска

800
0

Icehotel во Шведска е дефинитивно еден од најстудените хотели во светот, а неодамна беше претставен и нов апартман.

Дизајниран е од принцот Карл Филип Бернадот и неговиот деловен партнер Оскар Килберг. Станот се вика „Сон на летната ноќ“ и содржи цветни елементи и други растенија. Инаку, овој хотел се наоѓа во Јукасјарви.

Бернадот и Килберг рекоа дека нивната цел е да ја покажат прославата на летната краткоденица, еден од најпознатите празници во Шведска.

„Има ли подобар начин да се покаже убавината на мразот отколку кога најубавите цвеќиња се вклопуваат во арктичката средина? Скандинавската природа што не опкружува игра голема улога во нашата култура“, велат тие.

Инаку, Icehotel го отвори Yngve Bergqvist во 1989 година и оттогаш се гради и реновира секоја зима. Пред пет години беше отворен Icehotel 365, постојана локација во рамките на хотелот опремен со технологија за ладење на соларна енергија. Отворен е преку целата година, има бар, уметничка галерија и неколку апартмани.
Според податоците од официјалната веб-страница, температурата во внатрешноста на хотелот се движи од -5 до -7 Целзиусови степени. Гостите добиваат вреќи за спиење и мора да посетуваат курс за преживување за да се прилагодат на оваа ледена средина.

Извор:Инстаграм(@icehotelsweden)

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име