Плескавиците од зеленчук се лесни за подготовка и многу вкусни.
Состојки:
- 450 гр зеленчук мешавина (моркови, грашок, пченка)
- 250 гр црвен грав (мала конзерва)
- 3 компири
- 1 јајце
- 10 лажици брашно
- лебни трошки
Подготовка:
Исецкајте го зеленчукот на коцки и сварете го во солена вода, а потоа исцедете го. Излупете ги компирите и сварете ги во солена вода. Исцедете го гравот од конзервата.
Исцедете го варениот компир и изрендајте го а потоа додадете едно јајце, зеленчук, грав и додадете брашно додека мешате.
Смесата треба да биде густа за да може да се обликува рачно.
Потоа обликувајте плескавици со влажни раце, превртете ги во лебни трошки и пржете ги во врело масло.
Пржете ги од двете страни додека не поруменат. Предлог за Шницли од компир