Дома Твој готвач Пита со јаболка и ореви (рецепт)

Пита со јаболка и ореви (рецепт)

2575
0

Толку сочна…

Состојки:

6-7 јаболка
200 гр ореви
500 гр кора за пита
250 гр шеќер
1 лажичка цимет
30 гр презла
1 лимон
80 гр путер
шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Исечете ги јаболката на мали коцки, додадете сок од еден лимон и ренданата кора. Добро измешајте. Лимонот нема да дозволи јаболката да поцрнат. Додадете шеќер, цимет, презла и ореви (исечкани или мелени).

Добро измешајте. Ако се прави со тенки кори, ролатот направете го со 2 листа кора за пита. Еден лист кора премачкајте со растопен путер. Посипете фил и свиткајте во ролна. Повтерете ја постапката дури имате кори и фил

Ставете ги ролатите во намрсен плех. На крај попрскајте ги ролатите со стопен путер. Пече во загреана рерна на 200°C 45 минути. Откако ќе се излади, посипете со шеќер во прав.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име