Дома Твој готвач Пита-баклава со кокос, нешто посебно

Пита-баклава со кокос, нешто посебно

2460
0

Пита-баклава со кокос, нешто посебно

Денес ви предлагаме рецепт за пита-баклава со кокос, највкусниот рецепт. Едно парче пита-баклава сервирано со топка сладолед е најубавиот предлог за десерт.

Состојки:

500 гр кора за пита

200 гр кокос 200 мл павлака

200 гр шеќер

100 мл масло

3 јајца

1 прашок за пециво

Сируп:

400 гр шеќер

200 мл вода

2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:
Се матат јајцата додека не се добие лесна маса, се додава шеќерот, се мати, се додава масло и се продолжува со матење, се додава павлаката и на крај се се додава кокосот и прашокот за пециво.

На работната површина ставете една кора, покријте ја со неколку лажици фил, врз неа ставете ја втората кора, повторно прелијте ја со неколку лажици фил и истото направете го и со другите две кори (моите кори беа погусти а јас само ставете три кори). Свиткајте како класична пита. Кога ќе се стави во плех, секое парче се сече дијагонално и се пече на пониска температура, околу 170С, додека не порумени, ми требаа околу 35 минути.

Кога ќе се испече, покријте го со ладен сируп од 400 гр шеќер и 200 мл вода, додадете две кесички ванилин шеќер. Сирупот треба само да зоврие.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име