Дома Твој готвач Пилешка бајадера, вкусна и мека

Пилешка бајадера, вкусна и мека

1252
0

Направете фантастичен ручек за половина час… Изгледа совршено, а вкусот е уникатен

Состојки:

2 филети пилешко бело месо

300 грама суво месо по избор
180 грама павлака
200 грама кашкавал
2 јајца
3-5 лажици сенф (по вкус)
3 чешниња лук


Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Пилешкото филе убаво измијте го, па исечкајте го на тенки шницли. Истолчете го умерено со чекан за месо и се додава малку сол, па се редат во намрсен огноотпорен сад.
Потоа премачкајте го месото со сенф и додадете ситно сечкан и издробен лук. Над тоа додадете ги листовите суво месо или сланина, па изрендајте го кашкавалот. Прелијте ги со изматените јајца и павлака и печете околу половина час.
Се сече на помали правоаголници, како бајадера.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име