Дома Живот Пешачење на дожд: Ви носиме одлични причини зошто тоа треба да го...

Пешачење на дожд: Ви носиме одлични причини зошто тоа треба да го правите почесто

1004
0

Научете ги многуте придобивки од пешачењето на дожд.


Дали избегнувате да излегувате надвор кога врне? Повеќето од нас тоа го прават од сосема разбирливи причини – грдо е, мрачно и едноставно не сакате непотребно да се навлажнувате кога можете да останете топло и суво. Но, излегува дека шетањето на дожд може да има и многу позитивни страни – подолу ви пренесуваме одлични причини зошто тоа треба да го правите почесто.


Има помалку гужва
Како што споменавме претходно, повеќето луѓе не сакаат да излегуваат на дожд – што може да биде голема предност за вас! Доколку сакате мир и тишина за време на вашата прошетка, врнежливите денови се најдобри. Можете да ги користите за прошетки низ градот, на вашите омилени улици и шеталишта кои обично се полни со луѓе. Така можете да одите во мир со вашите мисли без страв дека ќе се судрите со некого.

Воздухот е почист и посвеж за време на дожд
Според едно истражување, излегува дека воздухот е навистина почист за време и веднаш по врнежите. Причината е што капките дожд, додека паѓаат низ атмосферата, имаат способност да привлечат стотици честички загадувачи како првут, саѓи, сулфати и бактерии пред да удрат на земјата. Затоа не заборавајте да дишете влажен дождлив воздух – докажано е дека е подобро!

Мирисот на дожд има смирувачки ефект
Сигурно барем еднаш сте помислиле дека го сакате мирисот на дожд. Но, дали знаевте дека специфичниот мирис има свое име – петрикор. Според Live Science , токму мирисот се создава кога дождот паѓа на суво – феномен за кој првпат напишале двајца австралиски научници Изабел Бер и Дик Томас во 1960-тите.

Влажноста во воздухот е добра за вашата кожа и здравје
Високите нивоа на влажност во воздухот помагаат да ја одржувате вашата кожа свежа, млада и еластична. Ова е поддржано од некои истражувања кои покажуваат дека при високи нивоа на влажност (од 43% и повеќе), речиси 3/4 од честичките на вирусот во воздухот остануваат немоќни.

Пешачењето на дожд согорува повеќе калории
Верувале или не, според едно јапонско истражување , откриено е дека кога некој прави физичка активност на ладно или дождливо време, тој или таа всушност согорува повеќе калории и масти отколку кога ја прави истата активност во умерено и суво време.

Затоа, како што се приближува уште поладно време, престанете да барате изговори за да избегнете одење на дожд – попрво земете чадор во раце, или уште подобро мантил и уживајте!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име