Дома Твој готвач Печурки полнети со сирење…

Печурки полнети со сирење…

1148
0



Печурките полнети со сирење се вистинско кулинарско чудо.

Состојки:

  • 12 големи печурки
  • 20 гр путер
  • 100 гр сирење
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка магдонос
  • сол, бибер
  • 80 гр рендан кашкавал
  • 1 лажица лебни трошки
  • 1 лажица рендан пармезан и малку повеќе магдонос

Подготовка:

Исчистете ги, измијте ги и исушете ги шампињите. Одделете ги стебленцата и исечкајте ги ситно, па

пропржете ги со путерот.

Оставете неколку минути да се изладат, а потоа додадете ги, сирењето, сецкан лук, магдонос, бибер, сол и ренданиот кашкавал. Измешајте сè добро.

Калапот за мафини премачкајте го со масло.

Наполнете ги шампињоните во смесата и ставете ги во калапот за мафини. Подгответе мешавина од лебни трошки, магдонос и пармезан, а потоа посипете ги со мешавината најгоре

Печете околу 20 минути во рерна загреана на 180 степени.

Добар апетит!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име