Пецива со крем сирење и спанаќ
Овие пецива со крем сирење и спанаќ се совршено мезе !
Рецепт :
1 лист лиснато тесто
200гр. беби спанаќ
1 лажичка маслиново масло
2чешниња лук
250 гр. крем сирење
1/2 чаша моцарела сирење
1 јајце
1 жолчка од јајце
1 прстофат сол
1 прстофат црн пипер
Упатства
Загрејте ја рерната на 200 степени спремете плех за печење со хартија
Загрејте ја тавата на средна топлина, додадете маслиново масло и кога е топла, пржете го лукот 2 минути
Потоа, додадете го спанаќот, зачинете со прстофат сол и бибер, извадете ја тавата и оставете ја настрана да се лади.
Исечете го лиснатото тесто на 6 или 12 квадрати, во зависност од големината која ја посакувате и ставете ги на плевот.Овој рецепт прави шест големи пити или 12 мали пити.
Во сад за мешање додадете спанаќ, крем сирење, моцарела сирење и едно јајце. Зачинете со прстофат сол и бибер и измешајте сè.
Поделете ја смесата од спанаќ на секој квадрат и преклопувајте два спротивни рабови на секој квадрат
Премечкајте со жолчка од јајца. Печете 25 до 35 минути.