Дома Психолошки совети Пет кратки совети против стрес

Пет кратки совети против стрес

620
0

Сите ние би сакале помалку обврски, подолг ден, помирен живот… И денес можете да му свртите грб на стресот – ако изберете.

Една од најголемите стапици на стрес е тоа што тој самиот се „храни“. Ве уверува дека немате време да најдете време… Еве како да започнете да се борите против стресот, дури и кога „немате време“.

Пронајдете ја вашата мантра
Запомнете три до пет изреки или мантри што ќе ве вратат во живот кога работите ќе тргнат во погрешна насока. На пример: „Можам да го сторам тоа“ или „Она што не ме уништува, ќе ме зајакне“. Или замислете убава слика што ќе ви послужи како прибежиште во моментите на стрес: поглед од најубавото место на плажа, патека во шумата по која сакате да шетате или нешто друго, особено драго за вас.

Бидете благодарни
Тешко е да бидете благодарни ако сте под стрес. Одвојте пет минути на ден да се заблагодарите за сите дарови на животот. Започнете со вдишување и издишување, изворот на сè што е животот.

Одете во вистинска насока
Направете список со настани што ве правеле среќни во текот на денот и оние што ви ја одземале енергијата. Ова ќе ви олесни да видите по кој пат да одите.

Започнете со мали нешта
Не оптеретувајте се со големи промени, започнете со мали нешта. Променете, на пример, што јадете за појадок. И, тоа може да биде почетен чекор на патот што ќе ве доведе до животот по кој копнеете.

Предефинирај ги своите цели
Кинеска поговорка вели: ако имате проблем што не можете да го решите, тогаш можеби веќе не е ваш проблем. Ако долго време се стремите кон нешто, а секојдневно живеете без тоа, запрашајте се дали ви треба таа дополнителна грижа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име