Трикови вредни злато…
Иако многумина го сакаат тестото, многу домаќинки избегнуваат да го прават, бидејќи освен што бара труд, потребно е и одредено време. Оној што ќе реши да го подготви тестото , најчесто прави поголема количина, а се, секако, за да добие што повеќе печива.
И тогаш се случува пецивото да се остави за наредниот ден, па често да застари. За среќа, постојат трикови кои ќе го спречат тоа да се случи и благодарение на кои пецивото што ќе го подготвите ќе остане свежо, меко и вкусно следниот ден.
Професионалните пекари откриваат кои три состојки ќе помогнат во тоа.
Скроб
Одлични резултати ќе постигнете и со многу мала количина на скроб, бидејќи со негова помош пецивото долго ќе остане меко. Најдобро би било да користите пченичен скроб.
Минерална вода
За пецивото да остане свежо и меко со денови, а во исто време да биде густо, во тестото додајте кисела вода. Ќе биде сосема доволно да вметнете половина чаша.
Масло
Дури и мала количина на масло може значително да го подобри квалитетот на печива , а малку луѓе знаат за тоа.