Дома Здравје Очите се огледало на здравјето

Очите се огледало на здравјето

812
0

Се вели дека очите се огледало на душата, но тие се и одраз на нашето здравје. Артериите и вените, како и нервите во очите се само првиот знак за нашата општа здравствена состојба.

Американската академија за офталмологија препорачува сите постари од 40 години да направат основен очен преглед бидејќи потенцијално може лесно да открие различни проблеми.

СТРЕС

Ако сте забележале дека вашиот вид повеќе не е како што беше, проблемот можеби не е во диоптријата, туку во стресот. Имено, стресот може да предизвика акумулација на течност под мрежницата, а резултатот може да биде заматена слика. Во такви случаи, видот ќе се врати во нормала за три до четири месеци.

ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК

Хипертензијата или високиот крвен притисок се познати и како тивок убиец бидејќи нема симптоми и може да доведе до срцев или мозочен удар. Всушност, висок притисок може да се открие поради фактот што капиларите на окото стануваат тесни поради тоа. Ваквите вени на окото може да значат посериозни проблеми со садовите што носат крв до срцето, мозокот или бубрезите.

НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН А

Не гледате добро во мракот? Можеби е време да го зголемите внесот на храна со витамин А како моркови, спанаќ и говедско месо. Ова би требало да го зајакне пигментот кој контролира како окото гледа светлина.

ВОСПАЛЕНИЕ

Без оглед на тоа што спиете осум часа дневно, веќе една недела се будите со скршени капилари во очите. Болката и црвенилото може да бидат знак за воспаление на очите. Треба да се земе предвид и алкохолот, кој може да предизвика слични симптоми. Воспалението на очите, исто така, може да биде знак за воспаление на друго место, како што се псоријаза или артритис.

ПРОБЛЕМИ НА ТИРОИДАТА

Испакнати очи може да бидат знак за автоимуна болест која ги напаѓа мускулите и ткивото на окото, а жените се почесто жртви на оваа болест.

ДИЈАБЕТЕС

Американското здружение за дијабетес проценува дека околу 30 милиони Американци имаат дијабетес, но само околу осум милиони се дијагностицирани. Едноставен очен преглед може да привлече внимание на дијабетес. Високиот шеќер во крвта може да се препознае во окото во вид на добро познат симптом – слабеење на крвните садови во мрежницата, што доведува до бавно губење на видот.

ДЕПРЕСИЈА

Според истражувањето од 2013 година, луѓето кои страдаат од биполарно растројство, анксиозност или шизофренија различно го набљудуваат светот околу себе – нивниот поглед останува на одредени работи подолго или пократко. Луѓето кои страдаат од депресија, на пример, гледаат фотографии од тажни лица значително подолго од здравите луѓе.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име