Дома Светски дестинации Откријте го живописното градче Алачати на егејскиот брег во Турција

Откријте го живописното градче Алачати на егејскиот брег во Турција

1040
0

На западот на Турција лежи бајковит крајбрежен град Алачати, на егејскиот брег во близина на Измир. Историјата на градот датира од минатото, а многу архитектонски градби се зачувани во нивната првобитна состојба.

Комбинацијата од камен, цвеќиња и бои му дава посебен шарм на градот, тој е скриен скапоцен камен за странските туристи. Местото е познато одморалиште на турски граѓани и странци кои дознаваат за ова преубаво градче.

Алачати има богата историја главно како резултат на грчкото минато датирано од 17 век. Грчкото население започнало да го напушта овој град на почетокот на 1914 година, иако повеќето Грци го напуштија Алачати во 1923 година со официјалната размена на население меѓу Грција и Турција.

Шармантниот град беше прогласен за историско место во 2005 година, а традиционалните грчки камени куќи и денес се зачувани и се надвиснуваат над калдрмените улички.

Уникатниот град ги остава без здив оние што го посетуваат за прв пат. Живописните улици се исполнети со ресторани и барови, а белите, сините и розовите бои им даваат живот на старите камени куќи. Исто така, градот е полн со цвеќиња што му дава доза на софистицираност на градот на бреговите на Егејското Море.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име