Дома Здравје Осум причини зошто треба да јадете јаболка

Осум причини зошто треба да јадете јаболка

2034
0

Љубителите на јаболка веќе се радуваат на малите летни јаболка во текот на летото, но вистинското богатство на сорти доаѓа од есента.

Причината повеќе, зошто треба да го вклучите ова суперовошје во вашата исхрана.

  1. ЗАДОВОЛСТВО – Едно јаболко има околу 90 до 100 калории, а влакната со кои е богат му овозможуваат на телото да ги разградува овие сложени влакна подолго од, на пример, житариците. Јаболкото има четири грама влакна, додека нашето тело треба да прима помеѓу 25 и 40 грама дневно.
  2. ЛИНИЈА – Поради урсолната киселина која се наоѓа во кората на јаболкото, тие се идеални за слабеење или одржување на тежината. Истражувањата на глувци покажаа дека ја стимулира потрошувачката на маснотии, а исто така помага и за градење мускули.
  3. ДИШЕЊЕ – Антиоксидантот кверцетин (се наоѓа во кората) помага за подобрување на работата на белите дробови и респираторниот систем. Едно истражување заклучило дека жените кои јаделе многу јаболка значително го намалуваат ризикот од развој на астма кај своите деца.
  4. НАСТИНКА – Витаминот Ц можете да го внесете и од јаболката, кој е неопходен за обновување на имунолошкиот систем. Просечното јаболко има околу 8 милиграми витамин Ц, што е 14 проценти од дневните потреби на една личност.
  5. РАК – Влакната поволно делуваат на цревната активност. Во едно истражување, француските научници открија дека некои состојки во јаболката помагаат во спречување на рак на дебелото црево. Тритерпеноид, од друга страна, се покажа дека го намалува ризикот од рак на црниот дроб и дојката.
  6. ДИЈАБЕТЕС – Антиоксидантот антоцијанин од јаболката е прв на линијата во борбата против дијабетесот. Инаку, тој е одговорен за боите во овошјето и зеленчукот – црвена, сина и виолетова.
  7. ХОЛЕСТЕРОЛ – Пектинот од јаболкото е поврзан со низок холестерол, односно ја спречува неговата апсорпција. Телото го поттикнува да го консумира, а не да го складира.
  8. МОЗОК – Јаболката можат да влијаат и на мозочната активност бидејќи го стимулираат производството на ацетилхолин кој создава комуникација меѓу нервните клетки – благодарение на тоа помагаат во вашата меморија и ги намалуваат шансите за развој на Алцхајмерова болест, пишува Вечерњи.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име