Дома Здравје Ослободете се ос брадавиците на брз и лесен начин

Ослободете се ос брадавиците на брз и лесен начин

1393
0

Брадавиците обично се безопасни и не предизвикуваат болка, но повеќето луѓе сепак сакаат трајно да ги отстранат. Најчесто се појавуваат на места каде што кожата се трие (очните капаци, вратот, пазувите и препоните и сл.).

Како да се отстранат брадавиците? Ова се, според Draxe, најдобрите начини да се ослободите од нив на лесен начин:

Посетете лекар прво

Пред да пробате некој од домашните лекови, прво побарајте мислење од дерматолог. Ако брадавицата е „сомнителна“, лекарот може да направи биопсија како мерка на претпазливост.

Јаболков оцет

Натопете парче памук со јаболков оцет и исцедете го вишокот течност. Ставете ја на брадавицата, завиткајте ја во завој и оставете да делува преку ноќ. Постапката повторувајте ја секој ден додека брадавицата не потемни и не падне.

Масло од чајно дрво

Маслото од чајно дрво има антигабични, антивирусни и антимикробни својства. Нанесете три капки масло од чајно дрво на погодената област и втријте во кожата со нежна масажа. Повторете три до четири пати на ден за подобри резултати.

Масло од оригано и кокосово масло

Измешајте две до три капки масло од оригано со четири до пет капки кокосово масло. Исчистете ја погодената област со топла вода и потоа нанесете ја смесата на погодената област. Постапката повторувајте ја два до три пати на ден додека брадавицата не потемни и не падне.

Сок од лимон


Сокот од лимон е богат со лимонска киселина која помага да се отстранат мртвите клетки и да се исушат брадавиците. Ако нанесете сок од лимон на вашата брадавица секој ден неколку недели, ќе забележите дека брадавицата полека се распаѓа. Едноставно исцедете малку свеж сок од лимон на парче памучна волна и нанесувајте на целната област два до три пати на ден.

Алое вера

Алое вера е надалеку позната по своите антиоксидантни и лековити својства. Ставете малку сок (или гел) од алое вера на исчистената погодена област и масирајте во кожата. Постапката повторете ја два до три пати на ден.

Лук

Познат е по многуте лековити својства, но дали знаевте дека е одличен и во борбата против брадавиците? Издробете две чешниња лук, нанесете на парче памучна вата, завиткајте во завој и оставете преку ноќ. Постапката повторете ја три ноќи по ред.

Кора од банана


Исечете парче кора од банана и покријте ја брадавицата со внатрешната страна на кората. Завиткајте во завој и оставете да делува преку ноќ. Постапката повторувајте ја секоја вечер додека не исчезне брадавицата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име