Не мал број луѓе страдаат од лош здив и покрај тоа што редовно ја одржуваат оралната хигиена.
Доколку постојано посегнувате по гума за џвакање за да се справите со овој проблем, постои поздрава, повкусна и подобра алтернатива. Станува збор за вода збогатена со овошје, а овој напиток е и витаминска бомба.
Имено, портокалите, јагодите и кивито се одличен извор на витамин Ц, кој лесно ќе ги „убие“ бактериите во нашата уста, кои се причина за лош здив.
Состојки:
- 1 или 2 големи портокали
- 3 киви
- 4 јагоди
- половина лимон
- 2 литри обична вода Подготовка: Овошјето измијте го, извадете ја кората и исечкајте го на ситни парчиња. Истурете ја водата во соодветен сад, а потоа во водата додајте го сечканото овошје и сокот од половина лимон. Ставете го во фрижидер и оставете го да отстои преку ноќ. Напитокот конзумирајте го со појадок, или во текот на денот кога ќе почувствувате потреба. Може да остане во фрижидер и до една недела.