Дома Здравје Ова се трите најчести типови на конјунктивитис и како се лекуваат!

Ова се трите најчести типови на конјунктивитис и како се лекуваат!

590
0

Ова се трите најчести типови на конјунктивитис и како се лекуваат!


Конјунктивитис е воспаление на конјунктивата во внатрешноста на очниот капак. Видлив симптом на конјунктивитис е црвенило на склерата. Постојат многу причини за конјунктивитис. Најчести се вирусните инфекции, други предизвикувачи се бактериите, кламидијата, габите и паразитите.

Понекогаш има чувство на печење во очите, а особено може да биде непријатно ако носите контактни леќи, бидејќи под леќите се формира мукозен исцедок. Постојат неколку видови на конјунктивитис, од кои трите најчести се:

вирусен конјунктивитис
алергиски конјунктивитис
бактериски конјунктивитис

Вирусен конјунктивитис
Вирусниот конјунктивитис е една од најчестите инфекции на очите . Се пренесуваат со капки (воздух или контакт), со раце, а првите симптоми во зависност од видот на вирусот започнуваат еден до 12 дена по контакт со заразено лице. Често се придружени со зголемена телесна температура, зголемено лачење од носот, кивање, кашлање, губење на апетит, слабост, малаксаност, главоболка, отекување на лимфните јазли.

Алергиски конјунктивитис
Алергиски конјунктивитис или алергија на очите се јавува поради иритација на конјунктивата на алерген. Симптомите обично се појавуваат веднаш по изложувањето на алергенот. Тоа се: насолзени очи, чешање, преосетливост на светлина, црвенило на окото, отечени очни капаци . За третман, најдобро е да се консултирате со вашиот избран лекар, кој ќе ви препише соодветна терапија.

Бактериски конјунктивитис
Бактерискиот конјунктивитис е предизвикан, како што сугерира името, со пренесување на бактерии во окото, а може да се пренесе со допирање на окото со валкани раце или контакт со респираторни капки на друго лице. Инфекцијата најпрво се појавува на едното око и обично се шири на другото око во рок од два дена. Како и кај сите бактериски заболувања, потребно е да се зема антибиотик во вид на капки, кои се нанесуваат неколку пати на ден, седум до десет дена или по наредба на лекарот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име