Дома Здравје Ова се главните причини зошто е добро да се јаде по едно...

Ова се главните причини зошто е добро да се јаде по едно јаболко секој ден

6841
0

Едно јаболко на ден го држи докторот надвор од дома – позната е изреката која ја нашла својата научна основа бидејќи бројни студии ги докажале здравствените придобивки од консумирањето на ова овошје.

Јаболката поради своите својства сосема заслужено се на листата на суперхрани, а без разлика на разликите меѓу сортите, факт е дека секое од нив носи здравствени придобивки. Кога размислувате што да јадете, нека биде јаболко, како што пишува Arabnews.

Можете да додадете јаболка во житарките со појадок или да ги ставите во смути. Ова овошје е полно со состојки кои го прават навистина неверојатно.

Полни се со антиоксиданси

Јаболката, особено кората, содржат повеќе антиоксиданси од кое било друго овошје и зеленчук, па затоа се суперхрана кога станува збор за борба против разни болести.

Бројни студии докажаа дека консумирањето на едно или повеќе јаболка дневно, за разлика од другите овошја, помага да се намали ризикот од развој на колоректален карцином, рак на белите дробови и рак на простата.

Го намалуваат ризикот од мозочен удар

Студијата на научници на повеќе од 10.000 испитаници постари од 28 години покажа дека оние кои јаделе повеќе јаболка имаат помали шанси да добијат тромболитички мозочен удар.

Причината можеби лежи во фактот што јаболката содржи 20 отсто од препорачаната дневна доза на влакна, што генерално го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Одлични се за слабеење

Во едно јаболко има помалку од 100 калории и тоа е позаситен оброк од колачиња или бисквити со иста калорична вредност. Исто така, одлично е да започнете оброк со парче јаболко.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои јаделе неколку парчиња јаболко пред оброк се чувствувале сити порано и консумирале во просек до 200 калории помалку по оброк. Составот на јаболка, особено сортата Granny Smith, поддржува здрави бактерии во цревата и го намалува ризикот од дебелина.

Ги штитат нервните клетки

Јаболката се богати со антиоксиданси, особено со кверцетин, кој се покажа како одличен заштитник на нервните клетки, овозможувајќи им да живеат подолго и подобро да функционираат.

Студија на животни од 2015 година покажа дека токму овој антиоксиданс во високи дози може да го спречи развојот на Алцхајмерова болест.

Го намалуваат ризикот од дијабетес

Микрохранливите полифеноли, кои ги има во изобилство во јаболката, спречуваат оштетување на ткивото на клетките кои произведуваат инсулин. Овие бета клетки обично се оштетени кај луѓе кои имаат дијабетес тип 2.

Студијата која се занимавала со ова прашање покажала дека луѓето кои јаделе јаболко секој ден имале 28 отсто помали шанси да развијат дијабетес тип 2 во споредба со луѓето кои воопшто не консумирале јаболка. Дури и ако јадете неколку јаболка неделно, ефектот е сличен.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име